Фотографиите споделени преку популарната мобилна апликација Instagram сега веќе не се ексклузивни за паметните телефони. Стартапот, кој неодамна беше купен од Facebook, сега најави дека целиот фид со споделените фотографии може да се следи и преку Веб, односно преку Instagram.com.
Фидот на веб е минималистички и функционира исто како кај мобилната апликација. Штом се логирате ќе ги видите најновите споделени фотографии од корисниците кои ги следите, има копче да ги лајкувате, да коментирате,, дури може и да се намали големината на страната за да изгледа како мобилната верзија. Но, нема опција за пребарување, само фид со најновите споделени фотографии.
„На кратко кажано, креиравме едноставно, можно и прекрасно Instagram искуство за Веб.“, вели основачот Кевин Систром
Но, иако ова звучи одлично за инстаграмџиите да пристапат до апликацијата преку десктоп или таблет компјутер, сепак нема да можат да закачат фотографии преку веб бидејќи, како што вели г. Систром, намената на Instagram е „да продуцирате фотографии во движење, во реалниот свет, во вистинско време“.







