Новата верзија на Android оперативниот систем, Ice Cream Sandwich, ќе го претстави препознавањето на лице како метод за заклучување и отклучување на телефонот. Но иако идејата е доста интересна и забавна, ќе можете да му правите лица на телефонот за да го отклучите, Face Unlock опцијата всушност и не е толку безбедна, откриваат дечките од блогот SoyaCincau.
Како што може да се види од видеото подолу, блогерите успеаја да го прелажат препознавањето на лице и да отклучат телефон со слика, и тоа не со физичка фотографија, туку со фотографија сликана со друг мобилен уред. „Мамење“ на технологијата, ако може да се нарече така бидејќи е всушност пропуст, е премногу лесно. Доволно е само да му се покаже сликата на претходно заклучениот телефон и тој се отклучува.
Сепак, се чини и дека Google го знаеше овој пропуст бидејќи има напоменато дека заклучувањето на уредите со технологијата за препознавање на лице е помалку безбедно од заклучување со шема, PIN или лозинка.
[youtube]BwfYSR7HttA[/youtube]