Facebook ќе биде приморан да бара одобренија од своите корисници

Facebook во 2009 година ја смени политиката за приватност на корисниците, и без известување ги направи сите кориснички информаци јавно достапни. Поборниците за приватност поднесоа жалба за ова однесување на Facebook, и сега после две години дадена е спoгодба до американската Федерална комисија за трговија која сигурно ќе им се допадне на корисниците на оваа друштвена мрежа.

Според Wall Street Journal, доколку американската Федерална комисија за трговија ја одобри спогодбата, Facebook ќе биде приморан да бара одобрение од своите корисници пред да прави било какви измени што би можеле да предизвикаат нивната содржина да биде достапна на поширока публика.

Покрај ова, Facebook во наредните 20 години ќе мора да дозволи постојани ревизии на сите свои активности што се поврзани со приватноста на корисниците.

Facebook и американската Федерална комисија за трговија сè уште ги немаат искоментирано гласните околу понудената погодба. Facebook од секогаш бил обвинуван за неодговорното однесување со приватноста на своите корисници, и има многу жалби поврзани со ова. Доколку се прифати горенаведената погодба, приватноста на Facebook корисниците конечно ќе биде колку-толку заштитена.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments