Бизарен споменик на Стив Џобс беше претставен во Белград

0 коментари 1 мин. читање

На денот на роденденот на култниот основач на Apple, Стив Џобс, во Белград беше претставен негов споменик, креиран од српскиот уметник Драган Раденовиќ кој победи на конкурс на кој се пријавија над 10.000 дела, пишува Netokracija.

Иако статуетката е бизарно дело, украсена со кирилични букви и броевите 1 и 0 да потсетат на бинарниот систем, и можеби не наликува на нешто што би очекувале од прецизниот перфекционист каков што беше г. Џобс, сепак таа ќе биде извајана во големина од 3 метри и ќе биде испратена во Купертино да го краси седиштето на Apple во САД. Интересно, скулптурот Раденовиќ вели дека на Apple им се допаднала токму несовршеноста на статуата пред другите прецизни компјутерски изработени дела, а наведува и дека главниот дизајнер на Apple, Џон Ајв, му се јавил да му честита за дизајнот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед