BitLock е паметен ланец за заклучување на велосипеди

во Општо

Се повеќе предмети добиваат интеракција преку паметен телефон, неодамна на листата е додаден, Bit Lock паметен ланец за заклучување на велосипеди. Синџирот се поврзува се телефонот преку Bluetooth и BitLock апликација. Потоа велосипедот се отклучува со притискање на едно копче. Bit lock во моментов е на Kickstarter, а првите подржувачи ќе можат да го заклучат својот велосипед за 80 долари.

Ако често заборавате каде сте го оставиле велосипедот, апликацијата овозможува и помнење на локацијата каде сте го заклучиле последен пат. Споделувањето на локацијата со фамилијата и пријателите ќе овозможи и да го делите велосипедот. Покрај ова апликацијата ќе ги извести корисниците за извозените километри, потрошените калории и намалената емисија на јаглерод-диоксид поради тоа што сте на велосипед.

Апликацијата ќе доаѓа за iOS и Android, а ќе постои опција за отклучување на телефонот кога ќе се приближите на еден метар до него, се разбира се додека апликацијата работи во позадина. Креаторите размислувале буквално на се, па BitLock доаѓа со 16 цифрен бинарен код кој ќе може да се искористи доколку телефонот остане без батерија. Што се однесува до батеријата на „шифрата“ таа трае 5 години, а апликацијата навремено ќе ве извести кога ќе дојде време за менување.

[youtube]jZ8rBnIbBHw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments