Биткоините се незаконски во Македонија, вели гувернерот Богов

4 коментари 2 мин. читање

Трговијата на биткоини во Македонија е незаконска, вели гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју за Капитал. Неговата изјава доаѓа откако платформата за тргување FXLider им дозволи на македонски корисници да тргуваат со биткоините, чија променлива вредност деновиве е околу 800 долари. Пред година дена еден биткоин чинеше само десетина долари. Г. Богов и претходно ги критикуваше дигиталните пари како „контроверзни и со ризици“.

“Во Македонија законско средство за плаќање во готовинскиот и безготовинскиот платен промет е денарот. Платниот промет со странство се одвива преку носителите на платен промет, а тоа се банките. Оттука, тргувањето со биткоин или негово користење за плаќања во Македонија e незаконско. Она што се случуваше со биткоинот во 2013 година кога неговата цена се зголеми од неколку десетина долари на близу илјада долари укажува на креирањето на меур. Не постои финансиско средство кое може да оправда толкав пораст на цената за толку кратко време”, вели гувернерот Богов.

Биткоините се дигитална валута во систем, креиран од непознат автор Сатоши Накамура, и ограничен на 24 милиони биткоини. Во моментот во опсег се околу половина од тие кодови, „ископани“ со моќни машини кои пресметуваат сложени математички задачи. Секој биткоин е анонимен, не се знае кој го поседува, но истовремено може да се следи во мрежата. Иако оваа дигитална валута е пофалена како технологија која може да го промени светот, сепак македонскиот гувернер вели дека тие не смеат да бидат пред денарот. Според г. Богов, биткоините се вредни во моментов само поради еуфоријата околу нив.

“Паралелно со нормализирањето на монетарните политики на главните светски економии и враќањето на довербата во нивните валути ќе се намалува ентузијазмот за алтернативни средства за инвестирање меѓу кои и биткоинот”.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top