Google нуди 2,7 милиони долари за најдените пропусти во Chromium

Google и оваа година ќе го организира Pwnium 4 во март, и повторно хакерите ќе бидат предизвикани да пронајдат безбедносен пропуст Chrome OS. Google има фонд од 2.7 милиони долари за награди. Наградата се 110.000 долари за компромитирање на оперативниот систем или прелистувачот, додека хакерот е логиран како гостин или корисник, компромитирањето е преку веб. Наградата од 150.000 долари ќе се дели за за компромитирање преку други уреди, guest to guest со интермитирани рестарти, доставени преку веб.

За да се квалификуваат за награда, хакерите мора да пронајдат безбедносен пропуст кој е непријавен до моментот на започнување на натпреварот. Доколку станува збор за напад мора да биде врз еден од основните модели на ARM – HP Chromebook 11или Acer C720 Intel Chromebook, со последната стабилна верзија на оперативниот систем. Дополнителен услов е софтверот кој ќе се „злоупотребува“ да доаѓа со основната инсталација на Chrome OS. Се разбира целиот пропост понатаму му се предава на Google, заедно со објаснувањата за пропустите кои се искористени.

Минатата година не беше пронајден безбедносен пропуст во Chrome OS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments