Бил Гејтс во интервју за Verge го сподели своето видување за иднината, пред сè за насоката во која ќе се инвестира фондацијата Bill & Melinda Gates во следните 15 години. Првите 15 години од своето постоење фондацијата направи навистина многу, а за следните 15 најавува уште повеќе.
Област на интерест покрај здравството и вакцините кои остануваат главни приоритети, во следните 15 години ќе бидат и земјоделието, банкарството и образованието. Фондацијата останува насочена кон обичните и често сиромашните, па дел од сервисите на кои работат се токму за оваа група на луѓе, а како и досега главен фокус остануваат државите во развој.
„Достапноста на најдобриот светски учител кој може да види кога сте збунети, да одреди вистинско темпо за учење за секој корисник, каде секоја сработена задача учителот, родителот или менторот може да се поврзе и да види каде имате проблеми и да ви помогне, за сега е далеку. Но пред само 15 години поставувавме камери насекаде и велевме, ОК нели ова е решението, сега луѓе како Khan Academy и стотици други велат: предавањата се дел од тоа, но интерактивните проблеми, согледувањето на професорот кој може да види каде имате проблем, но и објаснувањето зошто ви е потребно ова знаење, во следните 15 години ќе бидат клучни“.
Целото интервју и согледувањата на г.Гејтс можете да ги погледнете во видеото или на Verge.







