Twitter воведе две одлични новини кои треба да го олеснат споделувањето на пораките и содржина. Првата е групни директни пораки до дури 20 луѓе. Мрежата вели дека директните пораки најчесто се користат за приватни разговори, па затоа им беше логично да претстават групен приватен чет.
New! Use Direct Messages to speak privately with a group of up to 20 people. Share Tweets, show emoji & be yourself.
https://t.co/8giGhC6OO0
— Twitter (@twitter) January 27, 2015
Покрај ова интересна новина со која Twitter станува малку повеќе од мрежа за споделување на јавни твитови, претставена и мобилна видео камера. Сега ќе може да се снимаат видеа директно преку апликациите на Twitter за Аndroid и iPhone. Twitter вели дека „ја дизајниравме камерата да биде едноставна“ за полесно снимање и споделување. Но, видеата ќе бидат кратки, до 30-тина секунди.
You can now shoot, edit and share video on Twitter. Capture life's most moving moments from your perspective. pic.twitter.com/31JoMS50ha
— Twitter (@twitter) January 27, 2015