Биди Хуман е апликација за iOS, Windows Phone и Android, која ќе да даде „поддршка на процесот на дарување на крв и останатите видови хуманитарна помош“. Според ФИНКИ и Заводот за трансфузиологија, целта на апликацијата е да спаси барем еден живот.
Со апликацијата ќе може едноставно да се креира хуманитарен настан (акција за дарување на крв) и веднаш да се известат сите или одредени корисници на апликацијата. Филтрирањето на корисниците може да биде по повеќе критериуми како: тип на крвна група, моментална одалеченост од местот на настанот, време од последно најавување на системот, преференци за типови на акции и тн.
Биди Хуман е достапна за симнување на сите три популарни мобилни платформи.

Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.