Vip ќе стартува втор Android натпревар

Во покана до медиумите Vip оператор најави дека утре, 13.09, „во рамки на одбележувањето на 5 годишнината на Vip, ќе биде објавен конкурсот за вториот Vип македонски предизвик за развој на локално применливи Android апликации…“.

Како што се сеќавате, Vip пред две години го стартуваше првиот македонски Android предизвик, а многу бргу потоа и One, што допринесе до развој на бројни .мк Android апликации. Секако од околу 300-те апликации пријавени на двата предизвика, мал број всушност беа доволно добри да се користат, но целта на двата натпревари беше да се мотивираат македонските програмери да креираат нешто што ќе се придонесе кон понатамошен развој на локални мобилни услуги.

Натпреварот ќе биде најавен утре, а сигурно правилата да бидат малку изменети за да се избегне негово хакнување. Во секој случај очекуваме уште подобри Android aпликации бидејќи две години подоцна од првиот натпревар паметните телефони се посекојдневно нешто, а програмерите се малку поупатени во како функционираат апликациите и целиот мобилен еко-систем.

Покрај Android предизвик, Vip ќе најави и „ексклузивна новина“ која претпоставувам е поврзана со неодамнешното активирање на 3G услугата. Ќе видиме утре.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments