Европскиот суд на правдата пресуди дека библиотеките во Европа повеќе не мораат да чекаат дозвола од сопственикот на авторските права за дигитализација на книгите. Одлуката на судот доаѓа по спорот кој гом имаше германскиот издавач Eugen Ulmer и Техничкиот универзитет Дармстад. Одлуката на судот ќе биде судски преседан кој ќе се користи и во следните слични спорови. Иако дигитализацијата сега е отворена, авторските права остануваат во рацете на авторот или нивниот сопственик. Сепак вака дигитализираните книги можат да се користат за приватни истражувања, на терминали во библиотеката.
„Правата на библиотеките за комуникација (издавање) на делата кои ги поседуваат од дадени терминал беа во опасност да станата безначајни или неефикасни доколку немаа право да ги дигитализираат книгите. Дури и доколку носителот на правото и понуди некоја отстапка на библиотеката, таа може да го искористи овиј преседан да го издаде на електронските терминали… Во спротивно библиотеките нема да можат да ја извршат својата главна улога: за промоција на јавниот интерес, промовирање на истражување или приватно изучување“, вели судот.
Библиотеките немаат дозвола да ги печатат книгите, да им овозможат на посетителите да ги испечатат книгите или да ги изнесат на USB-стик надвор од библиотеката. Доколку библиотеката сака да им го дозволи и ова на посетителите, ќе мора да ги исплати сопствениците на авторските права.