0 коментари 2 мин. читање 12 септември, 2014

Dell го претстави „највозбудливиот Android таблет за 2014-та“

Dell го претстави Dell Venue 8 7000, таблет компјутер кој Verge го прогласи за „највозбудливиот Android таблет компјутер кој ќе излезе во 2014“. Таблетот доаѓа со дебелина од само 6 милиметри, изработен е од алуминиум, но тоа што е импресивно се можностите кои ги добива таблетот поради двете задни RealSense камери, кои се вградени во него. Софтверот за пост процесирање на фотографиите овозможува селектирање на објекти кои се во различна длабочина и новно ре-фокусирање или вметнување на ефекти само на вака селектирани делови од сликата. Двете камери овозможуваат и мерење на должина на објектот кој е фотографиран. Инсталираниот софтвер овозможува – селективно филтрирање, „snow globe“, мерење на растојание и AR филтер.

Venue 8 7000 доаѓа со 8.4-инчен OLED екран со резолуција 2.560х1.600; четири јадрен процесор од Intel на 2.3GHz; 2GB RAM; 16 GB слободен простор и microSD картичка. Двете камери се со 720р резолуција, а примарната фотографира 8MP. Засега нема податоци за цената на таблет компјутерот.

[youtube]eqkRkr3DStQ[/youtube]

[youtube]jJsADR4XcH8[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top