0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2014

Безмилосниот Кевин Спејси е антагонистот во новата Call of Duty: Advanced Warfare

Улогата на безмилосниот и контраверзен политичар Френсис Ундервуд на Кевин Спејси во хит серијата House of Cards не само што му донесоа куп номинации за ТВ награди, туку не остана незабележана од Activision кои му ја доделија улогата на антагонист во следната Call of Duty:Advanced Warfare. Call of Duty: Advanced Warfare ќе биде сместена во 2054 година кога се појавува првата приватна воена коорпорација која ќе го „спаси“ светот. Се разбира г.Спејси е на чело на оваа организација, најголема пречка во неговта борба за превласт се САД. Играта изобилува со беспилотни летала, скаути дронови футуристички возила и оружја. Играчите и непријателите ќе бидат опремени со егзоскелети кои ќе им даваат супер моќи како супер скок, да се качуваат по згради или да станат невидливи, слични моќи кои играчите ги добиваа со оклопот во Crysis. Играта е изработена од Sledgehammer студиото, а доаѓа на 4-ти ноември.

„Беше многу забавно да се работи со тимот, оживувајќи го Џонатан Иронс. Оваа технологија е навистина извонредна и различна од било што кое го имав работен претходно. Возбуден сум да видам каде ќе не одведе овa“, вели Кевин Спејси.

[youtube]sFu5qXMuaJU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top