0 коментари 2 мин. читање 3 мај, 2014

Русија сака сите кориснички податоци од сите сервиси да се чуваат на нивна почва

Русија најавува дека од 2016 ќе ги забрани сите онлајн сервиси кои не ги чуваат личните податоци на корисниците во оваа држава. Одлуката е изгласана во прво читање од претставниците во Думата. Законот предвидува дека сите лични податоци на граѓаните на Русија не смеат да ја напуштат земјата, односно мора да се чуваат на сервери кои и физички се наоѓаат во Русија. Дополнително од овие сервери податоците ќе можат да излезат надвор од Русија единствено со специјална дозвола и гаранција дека податоците ќе останат безбедни.

Друштвените мрежи како Facebook и Google би можеле да бидат први на удар доколку финалната верзија на законот биде изгласана и непроменета. На удар ќе бидат и дел од апликациите доколку немат сервери во Русија. Сите компании и сервиси кои нема да ги исполнат условите ќе бидат забранети од РОСКОМНАДЗОР – руската федерална служба за надзор на телекомуникациите, информатички технологии и масовни комуникации.

TechCrunch констатира дека доколку биде изгласан законот во оваа форма, Интернет во Русија би можел да заличи на кинескиот „Огнен ѕид“. Кина повремено го забрани пристапот до Google и друштвените медиуми вообичаено во периодот кога се одбележува годишнината од масакрот на Тијанмен.

Државите членки на Европската Унија, дозволуваат податоците на корисниците да се чуваат на сервери во САД, но притоа со нив мора да се работи според законите на државата од кои потекнуваат. Сепак се очекува наскоро Европскиот суд да ја разгледа оваа спогодба, пред се поради податоците кои ги сподели Едвард Сноуден за прислушувањето на Националната агенција за безбедност – NSA.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top