Portal 2, eдна од најдобрите игри која излезе за PC минатата година, а сигурно и една од подобрите игри кои излегле за PC откако пазарот на видео игри го заземаа конзолите, е на распродажба до 10 мај.
Цената на играта е намалена за 66 проценти и во следните неколку денови ќе чини 5,09 евра или околу 300 денари. Ако се решите да се почестите со оргиналот и со второто продолжение ќе треба да доплатите уште 100 денари односно околу 400 денари. Последна понуда врзана со оваа игра е две копии за 8,50 евра, а втората копија можете да ја подарите.
Portal 2 е една од игрите кои имаат најголема оцека на Мetacritics, а најголемите забелешки се поради неинтересноста при повеќекратното играње. Сепак со излегувањето на алатките за крирање на нивоа ако ништо друго загарантирана ви е долготрајна забава со играње на нивоа креирани од љубителите на играта, а можете и сами да составите некое ниво.
Ако сте заинтересирани посетете ја продавницата Steam и купете ја оваа забавна игра пред 10 мај кога истекува оваа понуда.
[youtube]b7rZO2ACP3A[/youtube]







