Еден од најдобрите и најпрепознатливите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, оваа година ја заврши кошаркарската кариера и се пензионира. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, веќе има план што ќе работи и креираше инвестициски фонд за стартапи.
Коби Брајант заедно со инвеститорот Џеф Сибел лансираа фонд со капитал од 100 милиони US дoлари кои ќе инвестира во технички стартапи, јавува Wall Street Journal.
„Тоа е внатрешно чувство кое го има човек, дека ќе издржи без оглед на препреките. Токму оваа издржливот ја има претприемачот кој работи на нешто што навистина го сака и во што навистина верува.“, вели г.Брајант за начинот на кој тој ги препознава претприемачите за кои верува дека ќе успеат.
Фондот нема да биде трик со кој Коби Брајант промовира стартапи.
Идејата е да инвестираат во компании кои навистина ќе успеат. Коби не е единствениот спортист кој сега е инвеститор. Бројот на спортисти кои по пензионирањето се инвеститори е зголемен. Неговите колеги: Шекил О’нил, Стив Неш, Кармело Ентони, Барон Дејвис веќе се дел од инвестициски фондови.







