0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2016

Кениецот кој научи да фрла копје на YouTube, освои сребрен медал во Рио!

Џулиос Јего од Кенија е еден од ретките натпреварувачи од оваа држава кој не се натпреварува во тркачките дисциплини. Тој се прослави минатата година, кога на Светското првенство во атлетика кое се одржуваше во Пекинг го освои златниот медал. Сепак она по што го помните е тоа што г. Јего научи да фрла копје од YouTube видеа. Поради ова го доби прекарот Mr. YouTube Man.

Сега симпатичниот Кениец се враќа со уште поголем успех. На Олимписките игри во Рио тој успеа да освои сребрен медал и да ѝ го донесе најголемиот успех на Кенија во оваа дисциплина. Токму приказната на г. Јего е огромен доказ за моќта на интернет и можностите кои ги нуди. Поради тоа што не се откажа и го пронајде својот „тренер“ на YouTube кога во Кенија немаше заинтересирани фрлачи на копје, Џулиос Јего е нашиот херој оваа Олимпијада.

Бонус прашање:
Знаејќи го фактот дека олимпијци сега учат од YouTube, каков би бил легендарниот филм Cool Runnings ако доживее римејк годинава? :)

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top