TradeCore, белградски стартап за финансиска технологија доби инвестиција од 3 милиони долари, од која најголем дел вложи SC Ventures. TradeCore се проби на пазарот со помош на платформата и алатките за учесниците на глобалниот пазар на капитал и компаниите кои пружаат финансиски услуги на поединците. Со помош на инвестицијата, цел им е да ја прошират базата на своите клиенти.
TradeCore им помага на клиентите во намалувањето на трошоците, зголемување на приходите и поголема иновативност во работата. Клиентите добиваат платформа, сет алатки и едноставни решенија кои им помагаат во нивната секојдневна работа.
Најпознат производ на TradeCore е BrokerIQ – водечки CRM за финансиски услуги, кој пружа проверка на документи, процесирање и следење на корисниците.
Производ на кој моментално работат, ComplyIQ им овозможува на клиентите да имплементираат напредна проверка на своите клиенти.
Сите производи на TradeCore се во согласност со интернационалните прописи и регулативи.
Тимот на TradeCore
Стефан Пајковиќ е извршен директор на компанијата од 2013 година. Како технички директор се јавува Милан Станоевиќ, кој се приклучил на тимот во 2014 година.
Тимот на TradeCore го сочинуваат повеќе од 50 искусни професионалци од областа на програмирање, анализа, корисничка поддршка и се она што му е потребно на еден стартап. Во последната година на компанијата и се приклучиле дури 34 нови професионалци, а постојано се работи на зголемување на тимот.
„Средствата од инвестициите ќе ги искористиме за прожирување на пазарот во Азија, отворање на нови канцеларии во Тел Авив и пошироко. Имаме план да ја прошириме базата на клиенти, да го убрзаме развојот на производи и да ја подигнеме свеста за нашата работа.“ – вели Стефан.