Белградски стартап доби 25.000 евра за да ја модернизира сточарската индустрија

0 коментари 1 мин. читање

Белградскиот стартап Farmia доби 25.000 евра инвестиција од акселераторот Eleven за да го олесни процесот при купување на добиток, пишува Startit.rs. Целта на стартапот, основан од Милош Милиќ и Срѓан Ступар, е да понуди веб продавница за поефикасно и поедноставно купување на животни во сточарската и месната индустрија, во што е вклучен и транспортот и проверка на животните.

Преку Farmia сточарите можат да го продаваат добитокот преку огласи и аукции, додека месарите и другите купувачи ќе можат да пребаруваат видови и достапност на животни. Сервисот овозможува и да се пронајде соодветен транспорт, исто преку огласи и аукции, и да се пронајдат ветеринари кои ќе направат преглед на животните, со што се затвара целиот процес на купување на добиток, наспроти преговарање со секој поединечен фармер.

[youtube]hFU_AjNpI4Q[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед