Јас веќе победив, вели Едвард Сноуден откако ги откри тајните на NSA

Поранешниот аналитичар на NSA и CIA, Едвард Сноуден, во 14-часовно интервју со Washington Post вели дека е задоволен од дебатата која се отвори по објавување на доверливите документи кои откриваат дека Американската национална агенција за безбедност (NSA) го прислушува Интернетот. Тие документи беа неверојатно откритие за како се злоупотребува моќта, дури и ако тоа се прави за безбедносни цели, како што се правдаат американските власти. Интервјуто е направено во Москва, каде г. Сноуден има добиено привремен азил од руските власти.

„За мене, за моја лична сатисфакција, мисијата е веќе завршена. Јас веќе победив. Од моментот кога новинарите започнаа со работа, се што се обидував да направам беше потврдено. Бидејќи, запомнете, јас не сакав да го сменам општеството. Сакав да му дадам шанса на општеството да избере ако сака да се смени семото“, вели триесет-годишниот Сноуден.

Иако постоеја сомнежи дека разузнавачите го набљудуваат Интернетот, сепак никој не очекуваше дека NSA ќе користи толку софистицирани медоти со директен и нелегален линк до серверите на големите ИТ компании како Google и Facebook. Документите открија дека NSA ги знае сите детали за своите мети, од контакти со кои комуницираат до порно сајтовите кои ги посетиле. NSA има пристап до неверојатна количина на податоци на обичните луѓе со оправдување дека им се потребни да ги најдат тие кои се опасни за САД. Но, документите исто така открија и дека агенцијата ги шпионира и Обединетите Нации, Европската Унија, а ги прислушува и приватните разговори на десетици светски лидери преку нивните лични телефони. Окритијата за глобалната шпионажа се неверојатни, но според NSA, тие и се неопходни бидејќи без нив „Америка ќе престане да постои како што ја знаеме“.

Од моментот кога ги достави документите до Guardian, Der Spiegel и New York Times, г. Сноуден беше означен како „непријател број еден“ за САД. По неколку бегства низ Хонг-Конг, тој од август е и официјално прифатен од Русија како привремен политички азилант. Иако во САД го чека 30-годишна затвор, сепак тој не се плаши од казната бидејќи верува дека го направил најдоброто нешто за јавноста и за демократското општество каде моќта нема да се злоупотребува тајно, туку за неа ќе се дискутира.

„Ако сум дезертер, тогаш сум дезертирал од владата кон јавноста“, вели г. Сноуден.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk