Белгија му нареди на Facebook да не ги следи корисниците кои немаат профил

Facebook ќе ја обжали одлуката на Белгискиот комесар за заштита на лични податоци, но во исто време и ќе одговори на барањето да не ги следи корисниците со веб колачиња. Белгиските власти велат дека Facebook преку копчињата за Share и Like, поставени на разни сајтови, ги следи и корисниците кои немаат профил или не се логирани во моментот на Facebook. Мрежата ги следи преку datr колаче кое го следи активното сурфање, и содржи идентификатор на компјутерот и IP адреса, што според властите се лични информации.

Одлуката треба да биде доставена доставена до компанијата следната недела. иако според Facebook со неа онлајн безбедноста на Белгијците ќе биде намалена. Facebook дополнува дека станува збор за безбедносно колаче, кое помага за потврда на идентитетот на корисниците, но судот не е убеден и инсистира дека заштитата на корисниците мора да биде со минимална интрузија. Сега Facebook од белгиските корисници ќе бара да се логираат за пристап до содржини.

„Се надеваме дека ќе може да ја отстраниме загриженоста со BPC што ќе ни овозможи да продолжиме да го користиме колачето да ги заштитиме Белгијците од повеќе од 33.000 напади, само последниов месец. Жалиме што не можевме да пронајдеме договор и сега корисниците ќе мораат да се логираат или да регистрираат профил дури и за содржина која е јавно достапна,“ вели портпаролот на Facebook.

Она што може да е поголем проблем за Facebook е што вообичаено ваквите пресуди во една држава, членка на ЕУ, не поминуваат незабележано од останатите, па социјалната мрежа наскоро би можела да добие барања и од останатите држави од Европската унија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments