3 коментари 2 мин. читање 16 јуни, 2015

Facebook не ја почитува гаранцијата за приватност

Белгиска комисија за приватност започна судски спор против Facebook, обвинувајќи ја мрежата дека не се грижи доволно за приватноста на корисниците. Можноста за следење на корисниците преку Share и Like копчињата е главната причина за судскиот спор.

Share и Like копчињата кои се вгнездени во речиси сите популарни сајтови и овозможува следење на корисниците дури и доколку во моментот не се логирани на Facebook, па дури и доколку одберат да не споделуваат податоци. Ваквото однесување е неприфатливо и судските власти започнуваат спор против најголемата друштвена мрежа.

Судскиот спор официјално започнува во четврток, иако комисијата одамна вложи жалба за однесувањето на социјалната мрежа. Официјалното објаснување од Facebook беше дека станува збор за пропуст кој овозможува следење на корисниците и дека веќе работат на негово отстранување.

Сепак се чини дека на законодавците во Европа им е преку глава од однесувањето на големите компании, па по Google и решија да се „пресметаат“ и со Facebook. приватноста на корисниците е од исклучителна важност па комисијата освен што започна спор во Белгија, ги предаде своите наоди и до судовите во Ирска и САД. Со оглед на тоа дека агенцијата соработува со Холандија, Франција, Германија и Шпанија, веројатно е дека судски спорови ќе започнат во повеќе држави.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top