0 коментари 2 мин. читање 3 декември, 2015

Google ги следел учениците без нивно знаење и дозвола од родителите

Don’t be evil мoтото на Google беше сменето во Do the right thing кога компанијата се ребрендираше во Alphabet. И се чини дека промената е направена навремено, бидејќи сега Google е обвинет дека прибира податоци од учениците без нивно знаење.

Проблемот е предизвикан од прелистувачот на компјутерите Chromebook кои компанијата ги промовираше како корисни и евтини уреди за училиштата во САД. Google објасни дека станува збор за превид и дека ќе ја исклучи синхронизацијата на компјутерите. Интересно, но сличен изговор чувме и пред некој ден кога Google објаснуваше дека грешка во кодот е одговорна за спуштање на резултатите од конкуренти под своите услуги.

Google собира податоци од прелистувањето на учениците од сајтовите, пребарувањата и видеата кои ги гледаат, без дозвола од родителите или учениците, обвинува Electronic Frontier Foundation „Иако јавно вети дека нема да го прави ова, Google ги собира податоците од прелистувањето на учениците и ги користи за сопствени цели. Децата не треба да бидат следени и третирани како заморчиња, а нивните податоци да бидат користени за заработка,“ вели адвокатот на EFF за Guardian.

Алатките на Google бесплатно се користат во училиштата и останатите образовни установи, но за жал ова не е прв пат Chromebooks и Google’s Apps for Education да бидат споменати во негативна конотација. Во 2010 година камерите на компјутерите беа користени за фотографирање на учениците во Пенсилванија, потсетува Wired.

Можеби Google ги користи овие резултати единствено за подобрување на квалитетот и искуството на учениците, но дури и во овој случај компанијата би морала да побара дозвола пред да започне да прибира податоци.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top