BBC истражувачко новинарство: 22.000 хакирани компјутери

{mosimage}Дали BBC го прекрши британскиот „Computer Misuse Act“ закон, кој вели дека е нелегално да се влезе во нечиј компјутер без негова дозвола? Тоа е актуелната расправа на интернетот и на Twitter @BBCClick, бидејќи BBC за потребите на своја емисија купи ботнет од хакерски сајт и го искористи да спамира преку 20.000 компјутери. Но, поентата не е дали е законот прекршен, се работи за истражувачко новинарство, туку што BBC покажа на светот колку е лесно и едноставно да се влезе или спамира во 20.000+ компјутери со технологија која е лесно достапна и која може да се купи од одредени сајтови.

BBC со помош на безбедносната компанија Prevx, со помош на ботнетот кој содржел 22.000 компјутери заразени со злонамерен код и кој ги чинел помалку од 1.000 евра, изршиле DDoS (Distributed Denial of Service) напад на сајт на Prevx поставен за таа намера. Ботнетот тогаш им дал наредба на останатите компјутери со злонамерен код да го бомбардираат сајтот и евентуално да го срушат. Биле потребни само 60 компјутери за да го срушат сајтот.

„DDoS нападите се користат како уцена, доколку не им биде платена одредена сума, хакерите ќе го срушат сајтот.“ пишува BBC.

Ова се двете видеа кои BBC ги објави за тоа што се случува и како функционира ботот. Емисијата Click на која ќе биде прикажана сторијата ќе биде во сабота.

Инаку BBC објави и водич како да се заштитат корисниците од вакви напади.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments