Offbeat – направете си свој туристички водич

во Совети

{mosimage}Ако патувате, патувајте со стил. Offbeat Guides е многу интересен, едноставен сервис со кој можете да си направите креативен личен туристички водич. Крајниот водич може да ви биде испечатен или испратен во .pdf формат. Ова пред сé се однесува на туристичките агенции кои можат да си направат интересни водичи во реално време. За обичните корисници Offbeat може да биде бесплатен сервис.

1. Внесете ја дестинацијата, каде ќе одите.

{mosimage}

2. Внесете од каде поаѓате/живеете.

{mosimage}

3. Внесете го вашето име. Offbeat го бара вашето име за кога ќе ги прави водичите да го испечати или стави на водичиот со што ќе биде личен. За индивидуален турист не е ништо посебно освен заради забава, но опцијата е одлична за туристичка агенција.

{mosimage}

4. Одредете го времето на патување. Ова е интересна алатка за подолги патувања, која Offbeat ќе ја искористи да ви ги посочи сите интересни настани кои ќе се случуваат во тој период на рутата на која патувате. За нашиот пример одбравме да патуваме од Куманово до Охрид 7 дена. :)

{mosimage}

5. Каде ќе престојувате за време на патувањето? Доколку се работи за кратки дестинации оваа опција може да се рипне (skip), но бидејќи патуваме 7 дена, ќе се одмориме во Битола.

{mosimage}

6. И….? Offbeat го генерира водичот и вие знаете се што ви треба за патување. За историјата на Охрид, каде може да се преспие, каде има, кога поаѓаат и каде водат автобусите од Охрид, додатни линкови и референци, настани, манастири …па дури ви сугерира книги и сувенири за местото. Најдоборо од се е што можете да си направите свое поглавје во водичот, да си додадете информации и да ги измените.

{mosimage}

На крај ви останува само да си го нарачате водичот, испечатен во боја (25 долари) или во .pdf формат (10 долари). Прав веб 2.0 интерактивен водич.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments