WWW.20.години

во Веб

{mosimage}На 13 Март во 1989 година Тим Бернерс-Ли, 29 годишен консултант во CERN, европската лабораторија за нуклеарни истражувања во Женева, предлага да се воведе „хипертекст“ во мрежата на CERN т.е. текст вметнат во документите кој ќе линка до други слични документи. Пред тоа интернетот постоеше, но не беше поврзан.

Неговите колеги ја гледале идејата како „нејасна, ама интересна“…. подоцна имаме Facebook, Twitter, видео на интернет, игри на интернет, cloud computing, интернет на мобилни, мобилни на интернет…. За 20 години интернетот го смени светот кој денес не може да функционира без него. Но ова е само почетокот.

„Мрежата не е завршена, ова е само врв на ледената санта… Уверен сум дека новите промени ќе го променат светот уште повеќе“ рече г-дин. Бернерс-Ли кој е директор на World Wide Web Consortium (W3C), организација која го „води“ развојот на интернетот.

Но не е се така розево. Иноваторот на линковите и WWW, посочува на нештата кои го загрижуваат за понатамошниот развој на глобалната мрежа. За него рекламите и третите страни кои ги добиваат личните информации претставуваат проблем.

„Го користиме интернетот без помисла дека трета страна знае што сме кликнале. Ние оставаме многу податоци на мрежата. Луѓето го користат интернетот да се информираат како гласачи во демократија…“ рече г-дин Бернерс-Ли и додаде дека рекламирањето е проблем. „Рекламирањето врши притисок тие податоци да бидат објавени или дадени на третата страна. Принципот е тие податоци воопшто и да не се збираат“.

Подолу се две видеа, едното е кратка историја на интернетот, другото е говорот на Тим Бернерс-Ли на TED.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments