Battlefield 1 – новости, откачени акробации и хардверска побарувачка

И по успешното и релативно долго алфа и бета тестирање, развивачите DICE ги споделија плановите за додатни исправки за Battlefield 1. Најновите прилагодувања ќе го променат начинот на кој се бодира во Conquest и додатно ќе ја избалансираат интеракцијата со возилата и оружјата.

„Кога правиме нова Battlefield игра важно е да испробаме нови работи за да ја задржиме свежината и да го обновиме серијалот“, објаснува дизајнерот Даниел Берлин. „Меѓутоа, еднакво важно е да го чуеме мислењето кое вие, заедницата, ни го давате.“

Во поглед на промените со Conquest , Даниел објасни дека: „Наредниот пат кога ќе ја играте играта, заробување на целите и убивањето заеднички ќе допринесува кон конечниот резултат од едно Conquest натпреварување. Вие се изјаснивте и ние ве послушавме!“

csvyuv1wgaeqs5a

Целиот блог напис продолжува во иста форма и фрла акцент на тоа како тимот навистина, ама многу ги слуша фановите и бројните исправки се како директен резултат на реакциите од 13.2 милиони играчи кои земаа учество. Па така, Берлин продолжува со ветувањето дека и Rush модот ќе биде суптилно изменет за да излезе во пресрет на барањата. Велиме суптилно затоа што за нешто повеќе нема ни да имаат време, со оглед на тоа дека играта излегува за месец дена.

Во поглед на измените со оружјата и возилата, Берлин имаше да го каже следново:„Тенкот од лесната категорија се чинеше премногу ефикасен во отворената бета и дефинитивно ќе претрпи модификации, а и се согласивме дека коњите се способни за впивање премногу куршуми во моментот. Исто така научивме (од бетата) дека ви требаат повеќе алатки за справување со возилата и дефинитивно ќе се заангажираме и во тој поглед (неисклучувајќи и направа за класата за подршка која ќе може да неутрализира моќни возила).“

Имаме уште многу новости за вашата омилена игра и потенцијалниот убиец на Modern Warfare, но првин, расположете се со едноминутната видео компилација од крајно смешните багови кои беа овековечени за време на алфа и бета тестирањето.

Продолжувајќи понатаму, доаѓаме до можеби најважнато прашање од сите – дали ќе можете да ја играте Battlefield 1? Хардверската побарувачка за Battlefield 1 конечно се официјализира и независно дали гледате во минималната или максималната побарувачка, ќе ви треба 64-bit Windows и најмалку 50 GB простор. На оние кои немаат избор и се спремни само да ја играат играта, без целосно да се изложат на графичкaта нирвана, ќе им треба конфигурација со најмалку i5-6600K или FX-6350 заедно со 8 GB RAM и 2 GB HD 7850 или GTX 660. Од друга страна, гејмерите кои сакаат да го искористат максимумот треба да ја задоволат гладта со i704790 или FX-8350, 16 GB RAM и RX 480 или GTX 1060. Целосната спецификација ја имате на крајот од овој текст.

Играта, како што споменавме, излегува на 21 октомври и оние кои ќе се посветат на неа ќе бидат наградени и со бесплатна мапа наречена Giant’s Shadow. Мапата е директно врзана со битката во Селе, од далечното есенско доба на 1918 година. Оваа мапа, исто како и таа за пустината Синаи, ќе се одликува со оклопен воз кој ќе изобилува со смртоносни оружја. Бесплатната мапа излегува во декември, а останатите најавени мапи за Battlefield 1 се: The St. Quentin Scar, Sinai Desert, Amiens, Monte Grappa и Empire’s Edgeсе. DICE има подготвено и агресивен план за исфрлање четири проширувања кои ќе воведат уште 16 нови мапи за мрежно препукување. Четирите проширувања се и дел од сезонската пропусница која чини „само“ 50 евра.

Battlefield 1 излегува за PlayStation 4, Xbox One и PC.

Минимална побарувачка

  • OS: 64-bit Windows 7, Windows 8.1, and Windows 10
  • Processor (AMD): AMD FX-6350
  • Processor (Intel): Core i5-6600K
  • Memory: 8 GB RAM
  • Graphics card (AMD): Radeon HD 7850 2 GB
  • Graphics card (Nvidia): GeForce GTX 660 2 GB
  • DirectX: 11.0 Compatible video card or equivalent
  • Online Connection Requirements: 512 KBPS or faster Internet connection
  • Hard-drive space: 50 GB

Препорачана конфигурација

  • OS: 64-bit Windows 10 or later
  • Processor (AMD): AMD FX-8350 Wraith
  • Processor (Intel): Intel Core i7-4790 or equivalent
  • Memory: 16 GB RAM
  • Graphics card (AMD): Radeon RX 480 4 GB
  • Graphics card (Nvidia): GeForce GTX 1060 3 GB
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments