Новиот LEGO дрон е уште еден доказ зошто коцките се најкул играчка

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Flybrix e sтартап од Сан Франциско кој креираше нова кул LEGO играчка. Деловите овозможуваат со неколку LEGO коцки, мотори и центрачна плочка, да се креира потполно функционален дрон. Компанијата има креирано и дополнителен контролер, кој за жал се продава одделно.

Дронот е лесен и расклоплив, па наменет е за користење дома, а не во надворешни услови. Тоа што елементите лесно се расклопуваат, а и моторите не се премногу моќни овозможува леталата да не се уништат. Кога ќе паднат, можат едноставно да се склопат.

Елементите кои доаѓаат во пакувањето се доволни за креирање на „quadcopter“. Дронот е составен од 40 делови, а не е потребно лемење, ниту премногу време. За спојување на елементите се доволни 15 минути. По ова леталото може да се управува со паметен телефон со iOS или Android апликација.

Со оглед на тоа дека главните конструктивни елементи се LEGO коцки, корисниците можат да ги спојат со повеќе дополнителни делови, со друг сет на за дрон и да креираат уникатни нови уреди.

За жал, најголем проблем на уредот е цената. Дури и без дополнителниот контролер дроновите на Flybrix чинат 150 долари за стандардно, и 190 долари за делукс пакување.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments