0 коментари 2 мин. читање 23 септември, 2016

ИТ настан: YES организира вмрежување на ИТ компании од Македонија и регионот

Youth Entrepreneurial Service (YES) фондацијата, организира бизнис конференција која ќе се одржи на 17. и 18. ноември. „Go International – Open innovation in ICT“ е настан кој има цел на едно место да собере повеќе компании, едукатори, истражувачи и да обезбеди директни средби.

„Компаниите не можат повеќе да останат фокусирани сами на себе, да се потпираат единствено на своите идеи и ресурси за иновација и компетитивност. Новите технологии и иновациски концепти се клучни за растот и конкурентноста. Отворената иновација може да го зајакне иновацискиот екосистем.“

За време на настанот фирми од областа на информационите технологии ќе имаат можност да ги претстават своите иновации и да остварат деловни средби со фирми од европските земји. Учесниците ќе имаат и можност во 3 минути да ги претстават своите идеи пред своите колеги. Ова ќе овозможи да се процени ефектот од реализација на идеите. Дополнително секој од учениците ќе добие распоред за средби, што треба да овозможи поедноставна средба со меѓународните претставници.

На настанот се поканети сите: компании; истражувачки организации; образовни институции, иноватори на ICТ-производи; сервиси кои сакаат да презентираат иновативни идеи и да остварат нови партнерства.

Учесниците ќе имаат можност за да го искористат настанот за:

  • Нови бизнис соработки
  • Средби со развивачи на иновативни технологии од цела Европа
  • Контакти со потенцијални партнери
  • Меѓународна соработка за долготрајна бизнис соработка
  • Добивање на најнови информации за трендовите и иновациите

Регистрацијата за настанот е веќе отворена, а повеќе податоци може да пронајдете на вебсајтот на YES.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top