Battleborn стана бесплатна за играње

Battleborn е одлична игра која успешно пласира адреналинска акција во прво лице. И покрај тоа, Battleborn ја играат многу малку луѓе и, иако Gearbox вложи многу во играта, сепак доби внимание во најниска можна форма. Многумина вината ја гледаат во тајмингот, односно скорото поклопување со излегувањето на Overwatch.

Наспроти популарното верување, Battleborn и Overwatch не би можеле да се поразлични.

Првите знаци дека Battleborn e жедна за уште играчи беше очигледна со вклучувањето на играта во Humble Bundle пакетот. Набргу потоа, се појавија микротрансакции, а почнаа да кружат гласини дека играта ќе стане бесплатна за играње. Челното лице од Gearbox, Ренди Пичфорд, ратоборно ги негираше таквите гласини, но како и за многу работи кои Ренди ги има кажано, така и оваа излезе дека нема допирни точки со вистината.

Од овој момент, бесплатната верзија на Battleborn ви дава пристап до шест херои, од вкупно триесет, но таквата бројка ротира на секоја недела, што значи наредната недела ќе можете да си играте со други херои. Да бидат работите уште подобри, напредокот кој ќе го направите со некој лик не се губи и кога повторно истиот ќе се појави на ротација ќе можете да продолжите од онаа точка каде сте застанале со претходната ротација. Сета содржина која ја имате во играта, како херои, изгледи, бустери и операции можат да се отклучуваат од продавницата со дигиталната валута која ја печалите при играње или пак со вистински пари.

Во случај да купите еден куп работи и потоа да ја купите и самата игра, парите од таквите трансакции ќе ви бидат вратени.

Оние кои веќе ја имаат купено играта, се здобиваат со Founder статус, односно легендарна опрема, 1000 Platinum, 50,000 Credits, пакети со плен,  “Founder’s Crown” флер и други бонуси. За новите играчи, тимот има подготвено посебен режим за тренирање и неограничено вежбање со кој било од триесетте ликови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments