SoftBank ги купи Boston Dynamics и Schaft од Alphabet

во Вести

Alphabet (Google) и ги продаде двете најголеми компании за дизајн на роботи Boston Dynamics и Schaft на SoftBank. Со ова јапонскиот гигант станува најголемата компанија за развој на роботи. Каде ова ќе го постави Google, засега не е познато. Цената која ја исплати Softbank останува непозната, јави ABC News. Пред речиси точно една година Softbank ги купи ARM за 32 милијарди долари.

„Паметна роботика ќе биде клуч за следната фаза на информатичката револуција Марк Раиберт (Boston Dynamics) и неговиот тим се лидери во технологијата за напредни роботи“, вели Масајоши Сан, директор на SoftBank.

SoftBank е креатор на „емотивниот“ робот Пепер, а компанијата е една од најиновативните кога роботите се во прашање. SoftBank е основана од јапонскиот милијардер и робот ентузијаст Масајоши Сан. Softbank, Boston Dynamics и Schaft сега ќе соработуваат на напредок на технологијата за роботи.

Ова се трите најголеми компании кои работат на дизајн на роботи. Boston Dynamics креираше роботи за DARPA, a роботот на Schaft е победник на натпреварот за работи. Двете компании во 2013 станаа дел од Google и работеа под Енди Рубин. Schaft својот робот го претстави по влезот во Google, а во истиот период Boston Dynamics претстави неколку итерации на роботот на четири нозе. Softbank е креатор на роботот Пепер кој може да комуницира со луѓето и да ги препознава емоции.

„Во Boston Dynamics сме возбудени што ќе бидеме дел од од храбрата визија и позиција на Softbank за креирање на следната револуција во технологијата. Го споделуваме истото мислење дека напредокот на технологијата треба да биде во корист на човештвото. Се редуваме на соработката со Softbank во нашата мисија да го поместуваме границите на она што паметните роботи можат да го направат и во креирањето на паметни апликации за попаметен и поврзан свет“, вели Марк Рајберт, дирeктор на Boston Dynamics.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Компанијата досега има развиено куп роботи, но не ги продаваше. Конечно додека беа дел од Google, започнале да размислуваат за ова. Boston Dynamic по три и пол години поминати како дел од Google, во 2017 година го промени сопственикот и сега е дел од SoftBank Group. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk