Неколку работи кои би можеле да ги очекуваме со наредното надополнување за Windows 10

Најновото Windows 10 Creators надополнување се одликува со бројни и долго посакувани новитети, како во поглед на изгледот и функционалноста, така и во поглед на безбедноста и гејмингот. Но, откако легна прашината и страстите се смирија, тешко е да не се запрашаме, што понатаму?

Од Microsoft не нѝ дозволија долго да тапкаме во темно и се изјаснија дека следното, поголемо надополнување го носи кодното име Redstone 3, а ќе биде наречено Fall Creators Update. Можеби многу време не е потрошено на креативно одбирање име, но затоа тимовите напорно работат на нешто што би можело особено да ги израдува уживателите на Movie Maker. Story Remix се опишува како Movie Maker на стероиди. Оваа апликација ви дозволува да прилепите слики и видео клипови едни со други и на интелигентен начин да создадете лични видео приказни.

Самата апликација може да идентификува одредени визуелни особености како и да истакнува, односно центрира видео материјали околу одредени индивидуи.

Дополнително, Story Remix ќе ви дозволи брзо и едноставна синхронизација на таквите мултимедијални материјали независно од тоа дали вашите направи имаат Windows, iOS или Android. Ваквата заедничко-интегрирана платформа поплочува пат и за корисни функции како Clipboard. Со Clipboard можете да користите компатибилни апликации за да копирате и префрлувате дата низ најразлични направи. На пример, copy на одреден текст преку вашата Windows 10 направа и paste во апликација која се наоѓа на вашиот Android телефон. Timeline, пак, памети и точно знае кои апликации сте ги користеле на претходната направа, а Pick Where You Left Off опцијата ви дозволува да продолжите да читате нешто од онаму каде што сте застанале со претходната направа. На пример, читате некој документ на компјутер, застанувате на страна 154, и во прва слободна прилика продолжувате со читање на истата страна од вашиот телефон.

Fall Creators Update, како што наговестува името, предвидено е да излезе на есен, поточно во септември, но оние кои се дел од Windows 10 Insider програмот, веќе можат од прва рака да ги тестираат новитетите. Сосема (не) поврзано, iTunes наскоро ќе може да се инсталира и преку Windows 10 продавницата, со што би можело дополнително да се олесни управувањето со мултимедијалните фајлови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments