Батерија за MacBook која држи до 32 часа

{mosimage}Еден од најголемите проблеми со лаптоп компјутерите е краткиот живот на нивната батерија, ова особено оди на нерви кога патувате некаде подалеку… секако дека може да носите со себе повеќе батерии за вашиот лаптоп, но тоа не делува баш како најдобро решение бидејќи заземаат простор, морате постојано да го вклучувате/исклучувате компјутерот и сл. Размислувајќи на начин како да ја задоволат оваа потреба на потрошувачите, компанијата Sanho Electronics го претстави уредот HyperMac кој го продолжува безжичниот живот на MacBook-от до 32 часа.

"HyperMac им овозможува на MacBook корисниците лесно да го продолжат животниот тек на нивниот компјутер. Бидејќи Apple го менува трендот на овој продукт со имплементирање на батерии кои неможат да се извадат, HyperMac е единствениот избор за мобилно користење на лаптопот подалеку од електричната мрежа." – изјави претседателот на Sanho корпорацијатата, Даниел Чин.

Екстерниот уред е достапен во 4 различни капацитети од 60 Wh, 100 Wh, 150 Wh и 222 Wh, споредено со 37 Wh оргинална батерија на компјутерот. HyperMac е вашиот нов најдобар пријател при прекуокеански летови, долги патувања или подолги викенди некаде во природа каде што електричната енергија не е баш присутна.

{mosimage}

HyperMac е компатибилен со MacBook Pro и сите MacBook Air модели, а откако ќе биде приклучен во некој од нив автоматски го приспособува начинот на доставување на струја и истовремено ја полни и батеријата. На уредот се вградени LED индикатори кои овозможуваат во секое време да ја проверите состојбата на HyperMac, а како дополнителна опрема во кутијата ќе пронајдете USB порт на кој може да приклучите било кој уред кој се полни преку ваква конекција како на пример iPhone 3G.

{mosimage}

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk