Заменете ги кратките линкови со долги

во Совети

{mosimage}Пред недела дена пишував за како да создадете кратки линкови кои лесно ќе можете да ги постирате на вашите друштвени профили… но сигурен сум дека со зголемената популарност на Twitter и користењето на кратки линкови, на многу луѓе им е смачено од гледање на URL-а создадени преку TinyUrl, BitLy, Is.Gd и други сервиси… Доколку сакате да имате преглед врз што всушност кликнувате, тогаш вистинскиот избор за вас е Firefox екстензијата Long URL Please. Нормално, доколку користите Firefox. :)

{mosimage}

Со помош на овој додаток автоматски ќе ви бидат променети скоро сите кратки линкови во вистинската адреса. Опциите за подесување на екстензијата се минимални, и освен можноста за одбирање на каков начин да ви биде заменет линкот (дали целиот, дали само насловот и сл..) сé што треба да направите е да ја инсталирате и да уживате. Одлично работи на Twitter, сервисот каде што се објавуваат најголемиот број кратки линкови.

Моментално се поддржани 64 сервиси, а една од опциите кои Long URL Please ја нуди и е дефинитивно моја омилена е тоа што доколку вистинскиот линк е навистина долг, нема да биде објавен целиот и со тоа да го измени изгледот на текстот, туку ќе биде скратен до каде што е пригодно.

За да ја преземете ектензијата која работи на Firefox 2.0 – 3.6а1pre, трк тука!



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments