Baidu и Samsung сакаат да ги донесат автономните возила во Азија

во Останато

Image courtesy of Baidu

Се чини дела сега сите сакаат да креираат автономни автомобили. Последни кои се приклучуваат во развојот на возила се кинескиот пребарувач Baidu и јужнокорејскиот производител на електроника, Samsung. Baidu како и Google планира да ја користи „deep-learning“ технологијата за развој на автономните возила, и веќе тестира со две BMW возила, на кои е поставен ласерски радар, Lidar, јави Wall Street Journal.

Споредено со Google, Baidu прилично заостанува со тестовите. Засега компанијата тестира единствено на автопати, каде управувањето и возењето е поедноставно. Она што е карактеристично за Кина се што пешаците имаат различни навики, има различни патишта и различни услови за возење. „Сообраќајот во Кина е посложен. Однесувањето на пешаците, велосипедистите се многу поинакви од однесувањето во САД“, вели Џинг Венг од Baidu. Во Кина во 2013 година во сообраќајни несреќи загинаа 261.000 луѓе, па сите имаат големи очекувања дека автономните возила ќе го решат проблемот со лошиот сообраќај.

Samsung, пак, креираше нов оддел кој ќе работи на инфо-забава и автономно возење. Целта ќе биде да се зголеми продажбата на компоненти за возила, пред се на уредите за забава, навигација и технологија за автономно возење, вели Reuters. Далу станува збор единствено за нов обид за замена на изгубениот профит од пазарот на паметни телефони или Samsung сепак има идеја која може да допринесе за развојот на автономни возила, ќе мора да почекаме и да видиме. Она што е добра вест е дека под новиот оддел ќе бидат сместени повеќе делови од Samsung, од одделот за производство на батерии до одделот за електро-механика и електроника.

Претпоставките се дека дека автономните возила нема да бидат дел од сообраќајот до 2025 година, но во неколку градови како Сион, Швајцарија и Трикала, Грција, веќе се тестира ваква технологија за автобуси.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments