0 коментари 2 мин. читање 14 декември, 2015

Илон Маск и Питер Тиел основаа компанија за борба против лошите роботи

Илон Маск од Tesla, Сем Алтман од Y-Combinator и Питер Тиел од PayPal се помеѓу основачите и финансиерите на непрофитната организација Open AI, која има цел да креира вештачка интелигенција што ќе биде од полза на човештвото. Почетниот капитал на Open AI е милијарда долари, јави Business Insider. Г. Маск и г. Алтман се и ко-претседавачи на бордот на компанијата.

Иницијaтивата за креирање на вештачка интелигенција не е нова, и добар дел од учесниците во Open AI, пред сé г. Маск, предупредуваа на опасноста од „Rogue AI“, односна вештачка интелигенција која ќе го уништи човештвото. Open AI e oбид да се ограничи развојот на технологијата така што ќе се постават јасни и етички граници за идните паметни роботи, киборзи и алгоритми. Идејата е преку организацијата да им се даде финансиска независност на развивачите кои работат со вештачка интелигенција, што ќе им го отстрани притисокот од пари. „Машината“ која би ја креирале ќе може да биде направена единствено за позитивно влијание врз човештвото.

Предводник на развојниот тим е Илја Сатскевер, кој е еден од најголемите светски експерти во оваа област. Развојниот тим ќе ги споделува своите сознанија и истражувања со останатите компании кои работат на слична технологија. „Убедени сме дека вештачката интелигенција треба да биде продолжение на индивидуалните човечки желби, и во дух на слободата, треба да биде дистрибуиран подеднакво и широко, колку што дозволува безбедноста“, вели г. Сатскевер.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top