Axapta Masters, водечка компанија за Microsoft решенија во Македонија со голема прослава го одбележа официјалното отворање на новите канцеларии во Скопје. Проширувањето и потребата од нов модерен деловен простор е резултат на успешно реализираната стратегија за развој на Axapta Masters.
Новите деловни простории во современиот Ентерпрајз Бизнис Центар, зафаќаат повеќе од 3.000 квадратни метри и се распространети на два ката. Објектот е уреден со најсовремени простории и напредна технологија, пет конференциски сали, акустични кабини, аудиториум, делови за релаксација и одмор, оддел со игри, тераса на покривот со прекрасен поглед кон Водно.
Од менаџментот на компанијата велат дека со повеќе од девет години искуство и успешно позиционирање на Axapta Masters како водечка сила во индустријата, отворањето на новата канцеларија во Скопје претставува уникатен момент со длабоко значење за компанијата и тимот.
“Новата локација ќе им овозможи на вработените да работат во удобна и современа средина, што ќе придонесе за уште поголемо подобрување на перформансите овозможувајќи им најдобри услуги и решенија на нашите соработници и клиенти”.
Axapta Masters има големо глобално присуство со разновидно портфолио на успешни проекти во голем дел на сектори како што се производство, транспорт, автомобилски сектор, малопродажба, градежништво, фармација, осигурителен сектор. Компанијата важи за една од најпосакуваните и најатрактивни компании за вработување во земјата. Во 2022 година Axapta Masters двојно го зголеми својот тим, кој денес надминува над 220 вработени, кои се дел од успешната приказна на компанијата во канцелариите во Скопје, Малта, а од неодамна и во канцелариите во Нови Сад, Србија и Велика Британија.