Од креативното студио Dark Pigeon Games, ни доаѓа игра која успешно комбинира борбени механики. Во огромен свет кој преколнува да биде истражен, AWAKEN – Astral Blade ќе ве вовлече во интригантна приказна и ќе ве соочи со предизвикувачка фузија од животинските и растителните опасности, покажувајќи ви дека може да се преживее и во најмрачните и најочајните места.

Мрачно патешествие
AWAKEN – Astral Blade се труди да ви раскаже детална и проблематична приказна. Вие играте со Таниа, бионичка девојка која има за задача да пронајде и спаси тим од брутални суштества. Овие суштества се директен резултат на мистериозната енергија Карпас. Како енергија, Карпас е способна неприродно да го врзе растителниот со животинскиот свет, да провлече молекуларен мост помеѓу двете и да создаде агресивни монструозни хибриди.
Истражувањето и битките се во дводимензионална околина. Тоа никако не ја нарушува визуелната убавина на играта. Напротив, по неколку часовно дружење, никако не би сакале Awaken да изгледа поразлично. Дводимензионалниот дизајн на мапите, ликовите, непријателите и босовите посебно ја истакнува играта и ѝ дава, според нас, значајна димензија која одлично се вклопува со битките.
Кога сме кај битките, покрај едноставен примарен напад можете да изведувате две дополнителни и значително посилни напади. Таквите напади се активираат по претискање друго копче по вториот, односно третиот примарен напад. Овие специјални комбо напади се одлично осмислени и влијаат позитивно на динамиката на битките. Во одредени моменти, кога здравјето на непријателите е критично нарушено, ќе можете и да ги елиминирате непријателите на спектакуларен начин.

Посебно бевме импресионирани од дизајнот на непријателите и босовите, особено креативните начини на кои се прикажува фузијата на флората и фауната, мутирајќи ги до непрепознавање. Непријателите бараа од играчот флексибилно при првично прилагодување, правилно избегнување на нападите и паметно користење способности и контра напади. Awaken дефинитивно не е еднолична hach and slash игра во која се борите без да размислувате. Awaken, кога сме кај тоа, воопшто не е лесна игра. Бидете подготвени често да умирате.

Во поглед на движењето, ќе можете и да скокате и да избегнувате напади, со можност за комбинирање на овие две движења, односно скок па пролетување и покривање повисока далечина. Ова знае да биде корисно при истражување затоа што мапите кријат артефакти кои статистички ја зголемуваат или вашата издржливост или вашата ефикасност за време на битките.
Секоја од областите крие најразлични правци за движење. Иако се радувавме на ваквата нелинеарност, често чувствувавме минимална анксиозност од неможноста да истражиме баш се што сакаме. Од друга страна, пак, ова само допринесува кон повисока вредност на преигрување, особено откако ќе го отклучите и потешкиот мод.
Во одредени моменти, ќе наидете на области за одмор. Опружени од бројни цвеќиња, овие области целосно ќе го обноват вашето здравје, ќе ја сочуваат играта и ќе ви дозволат да менувате вешнини и опрема на Таниа. Но, секое сочувување на играта значи и одново појавување на сите претходно уништени непријатели.

Во поглед на вештини, имате избор за отклучување борбени и пасивни вештини. Во делот со борбени вештини, ќе можете поефикасно да избегнувате непријатели, да менувате оружја и да напаѓате, активирајќи деструктивни магии кога ќе се остварат идеалните услови кои се бараат од вештината.
Пасивните вештини, од друга страна, не се ништо повеќе од статистичко зголемување на клучните параметри поврзани со ликот и оружјата, како 5% подобро ова, 10% побрзо она, и така натаму. Во пасивни вештини помагаат и одредени костими кои ги наоѓате за Таниа. Сите овие вештини се отклучуваат со драгоцената валута Aether, нешто што го собирате преку истражување и борење со непријателите.

Одредени способности, меѓутоа, како двоен скок, се отклучуваат преку магични корени. Дел од овие корени стануваат достапни со напредување низ приказната и борењето против одредени босови. Низ времето, девојката станува се помоќна и поспособна, не само во битките, туку и во начинот на кој ги истражува претходно недостапните делови на мапите. Со оглед на тоа дека мапите знаат да бидат исклучително долги, би можело да се чувствувате истоштени секојпат кога сакате да се вратите некаде или да најдете нешто/ некого. Не бевме преголеми фанови на backtracking и посакувавме да има пофлексибилни можности за патување.
Како и со графиката, така и со музичката подлога бевме лесно импресионирани, но посакувавме песните да беа подинамични и во поголем број. Вака како е, по одредено време знае да здосади еден ист монотон ритам.




Кога ќе се земе се во предвид, AWAKEN – Astral Blade е прекрасна игра, полна со интересни работи за истражување, значајни можности за надградба и бројни предизвикувачки битки. Во случај сеуште да не сте сигурни дали е ова игра за вас, топло препорачуваме да го проверите барем демото на Steam!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Dark Pigeon Games
- Издава: ESDigital Games
- Жанр: акција
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 22 октомври 2024







