Првата Blasphemous излезе уште во далечната 2019 година. Поради уникатниот графички стил и впечатливото жонглирање souls-like механики со елементи на Metrodvania, играта доживеа огромен успех, доволно голем за да се поплоча патот за продолжеток. Во 2023 година излезе Blasphemous 2. Имаме 3 причини за тоа зошто баш сега е добро време да се провери играта на The Game Kitchen!
#1: Квалитетна игра со уникатен свет и впечатливи механики
Подобра причина од ова – здравје! Ако од некоја причина сеуште не сте ја пробале играта, навистина не би требало понатамошно да го одложувате престојот во овој мрачен универзум. Будејќи се во брутално суров нов свет, имате за задача да уништите бројни нови предизвикувачки суштества и да навлезете во бесконечниот круг на живот, смрт и воскресение!
Патот на покајникот
Првото нешто што ни се допадна е уникатниот визуелен стил и приказната. Низ детално разработениот свет, ништо не ве држи за рака и можете да одите каде сакате, без да се грижите дали сте пропуштиле нешто важно. Почнувајќи ја играта со едно од три понудени оружја, поентата е да започнете со истражување на нелинернарниот свет и да се соочите со бројните непријатели и босови. Секој од оружјата се одликува со различни напади и посебни моќи, пружајќи уникатни можности за справување со непријателите. Секој од непријателите, особено босовите, исто така се одликуваат со уникатни напади, принудувајќи ве да го проучувате нивниото движење и соодветно да се прилагодувате на него.
Како што напоменавме, Blasphemous 2 воопшто не е лесна игра, но, во тоа е и убавината на ваквите игри – знаејќи дека секој направен чекор би можел да биде последен. На почетокот, умирањето за нас беше честа појава, но со секое враќање еден чекор назат, напредуваме два чекори напред. Учејќи за светот и надградувајќи ги бројните способности, битките и понатаму беа предизвикувачки, но тој предизвик ни беше познат, пријатен и посакуван, особено бруталните егзекуции, проширените комбо движења и ветувањето за сѐ поголема хаотична деструкција.
Blasphemous 2 нуди детален и преубаво реализиран свет кој е полн со (не)пријатни изненадувања. Константното експериментирање со различните оружја, техники и способности допринесување до секогаш свежо и пријатно искуство, нешто што е дополнително засилено од квалитетната музичка подлога. Поради сево ова, Blasphemous 2 би можело да ви се допадне дури и да не сте фанови на souls like игри.
#2 Нова експанзија со име Mea Culpa
Ако мислевте дека патешествието на покајникот завршува со основната игра, тогаш ќе бидете пријатно изненадени да чуете дека таквото нешто е далеку од вистината. Mea Culpa е чистокрвна експанзија која ви дозволува да искусите целосно нов крај за покајникот, како и да започнете четири нови мисии. Мисиите ќе ви дозволат да истражувате две нови области и да користите нови способности за соочување со непријателите и босовите. Паралелно со ова, ќе добиете пристап до дополнителни молитви и бројаници.
#3 Бесплатно надополнување со име True Torment
Сега е добро време да ја проверите и основната игра поради квалитетното бесплатно надополнување кое се поклопува со излегувањето на платежната експанзија. Надополнувањето True Torment ви дозволува да започнете значително потешка партија преку опцијата New Game +. Благодарение на проширувањата во зоните, ќе гледате на Choir of Thorns, Sunken Cathedral и Basilica of Ancient Faces со нови очи. Секоја од овие зони нуди дополнителни и целосно нови изненадувања. Покрај ова, имате на располагање и нови непријатели, предизвици и бројни други исправки на багови и надополнувања.
Поради трите горе-споменати причини, се чини одлично време за проверка на Blasphemous 2. Ние не сме преголеми фанови на souls like игри и не сакаме преголеми, навидум ненадмилниви предизвици, но има нешто посебно забавно во играта на The Game Kitchen, толку забавно да игравме значително повеќе отколку што првично очекувавме. Моментно, основната игра се продава со 50% попуст, а новата експанзија со 20%.
Повеќе детали за играта
- Произведува: The Game Kitchen
- Издава: Team17
- Жанр: Metroidvania, souls like
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 24 август 2023