Автоматско отстранување тишина од видеа со Recut

Доколку често снимате различни видео материјали тогаш познати ви се моментите со долгите паузи кои ги правите, па потоа морате рачно да ги лоцирате и исфрлувате. Ваквите паузи обично се непотребни и ги прават вашите видеа помалку професионални и интересни за следење. Recut е алатка која автоматски го скенира целото ваше видео и ги инстантно ги отстранува невообичаено долгите паузи.

Но, Recut не е само одлична алатка за автоматско ловење и елиминирање паузи во видеа, туку и ќе заврши одлична работа и со аудио снимки. Што значи, и оние што прават бројни поткасти можат да ја користат алатката. Процедурата е едноставна брза и до финалното видео, односно аудио доаѓате за само неколку секунди. За секој случај, авторите имаат корисен оддел со кратки лекции за тоа како да се користи алатката.

Recut, меѓутоа, ќе остави многу корисници разочарани поради две работи. Прво, алатката е достапна само за Mac. Иако се работи на Windows верзијата, сеуште не се знае кога истата би го здогледала светлото на денот. Втора работа е тоа што, иако има пробна верзија, Recut никако не е бесплатна. Доколку сте задоволни од можностите кои ќе ги видите тука потребна е еднократна финансиска инвестиција од 100 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments