AutoCAD, 3D Max и Maya сега се бесплатни за училишта и студенти

во Софтвер

Продолжува трендот на бесплатна понуда на професионален софтвер и алатки за училиштата и студентите. Сега Autodesk ги понуди AutoCAD, Sketchbook, 3D Max и Maya бесплатно на студентите и училиштата во 188 држави.

„Начинот на кои ги правиме работите се менува навистина брзо и потребна ни е поголема работна сила подготвена за новите производствени и конструктивни техники. Со отворање на професионалните алатки за студентите, членовите на универзитетите и академските институции низ целиот свет и помагаме на индустријата да се подготви за следната фаза“, вели Карл Бас, директорот на Autodesk.

Бесплатната понуда на софтвер и алатки во текот на образованието ќе обезбеди, студентите на пазарот на труд да влезат подготвени за работа со овој софтвер, а со тоа и да ги мотивираат компаниите да го користат софтверот кој нивните идни работници веќе го познаваат. Autodesk нуди и програма за поедноставно совладување на софтверот и алатките преку Digital STEAM Workshop и Design Academy.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Dimitar Petrevski
11 years ago

Пред тоа AutoDesk нудеа бесплатна лиценца со траење од 90 дена. Сега даваат 3 годишни лиценци. Одлично! :)

Виктор Дано
11 years ago

Фала за дообјаснувањето Димитар. :)

Кироо
Кироо
11 years ago

Таа опција ја има на AutoDesk уште од 2011-та, малце ви касни веста

Виктор Дано
11 years ago
Reply to  Кироо

Тогаш каснат Autodesk бидејќи нивното соопштение (линкано во текстот) е од 1 декември 2014-та. :) Сигурно за нешто друго мислиш.