По Project Ara на Motorola и Google, конечно го добивме и првиот конкурент кој можеби и ќе биде првиот модуларен телефон достапен на пазарот. Puzzlephone е производ на финската компанија Circular Devices, основана оваа година во Еспо, кој е родниот град и на Nokia.
Идејата на е иста како и кај останатите модуларни телефони, кои се персонализиран уред склопен во зависност од потребите на корисникот. Разликата е што Puzzlephone е далеку поедноставен. Изборот е од три модули, основа составена од екран, звучници и потребната електроника, „срце“ на телефонот каде се сместени батеријата и дел од останатата електроника, и „мозок“ на телефонот, најверојатно е најинтересен за корисниците, кој доаѓа со камера и процесор на него.
„Батериите на телефоните траат помалку од три години…Електрониката речиси десет години, но за дел од корисниците стануваат застарени, многу, многу порано. LCD екраните траат и до 10 години, доколку не ги скршите ;)“
Освен подобрена персонализација идејата зад телефонот е продолжување на „животот“ на телефоните. Дел од елементите како екранот и дисплејот траат и до 10 години, додека батериите имаат рок едвај три години. Со поставување на овие елементи во модули се овозможува едноставна замена, а со намалување на електронскиот отпад и почиста животна средина. Puzzlebox ќе доаѓа со модифицирана верзија на Android.
[youtube]pinSMFFGuUU[/youtube]
Circular Devices се надеваат дека првите верзии на Puzzle Phone ќе бидат достапни веќе во 2015 година и можеби ќе бидат првиот модуларен телефон кој ќе се појави на пазарот.
„Време е за open source на најпопуларниот хардвер на најпопуларниот хардвер во светот и мора да биде прилагоден на потребите на пазарот за да се обезбеди брзо ширење и прифаќање од корисниците“.