Google работи на целосен редизајн на Gmail, покажуваат скриншоти кои ги сподели Geek. Станува збор за целосно нов изглед кој задржува многу мал дел од сегашниот.
Првата работа која се забележува е дека новото сандаче наликува дека е подготвувано за мобилната платформа Android. Сервисот ќе има одзумирање, со што се овозможува истовремено отворање на Hangouts во поголем прозорец, но и истовремено надгледување на поштата. Табовите кои беа досега присутни ќе исчезнат во новата верзија, а на десната страна ќе биде преместено Google Hangouts менито. Табовите за промоција и друштвените мрежи се поместени заедно со останатите пораки, но во посебни фолдери. На десната страна под Hangouts, ќе бидат префрлани и креирањето на нова пошта и потсетникот.
Корисниците на Outlook ќе може да забележат сличности со овој сервис, не само поради изгледот на новиот Gmail, туку и „закотвувањето“ на одредени пораки во сервисот за кои корисникот смета дека се поважни. Дополнително сегментите во кои се сместени пораките можат да се поместуваат нагоре надолу по листата, што ќе овозможи поважните пораки корисникот да ги постави најгоре на листата, или да го остави распоредот според времето на пристигање.
Што се однесува на достапноста на новата верзија, засега нема дата на излегување, па дури и не е сигурно дали Google воопшто ќе ги примени промените кои ги тестира.








