Asus претстави уред за проширената реалност на Windows

0 коментари 1 мин. читање

Microsoft на почеток на годината најави дека треба да очекуваме повеќе нови уреди за проширена реалност од нивните партнери. За разлика од HoloLens уредот, кој е прескап, уредите на партнерите требаше да бидат поевтина алтернатива.

Тоа секако и е случај со Lenovo и Dell, но уредот од Asus доаѓа за 450 евра. Со оваа цена уредот е поевтин од HoloLens, но е блиску до Oculus Rift. Сепак за разлика од Dell, уредот на Asus доаѓа со контролерите.

Сепак, најголема предност на Asus пред досега претставените уреди од партнерите на Microsoft е можноста за играње на SteamVR наслови. Поважно, уредот може и да се користи во повеќе цели, како за обуки и пракса, така и за зголемена продуктивност.

Хардвер

Очилата од Asus доаѓаат со два екрана, секој со резолуција 1.440 х 1.440 и рефреш 90Hz. За следење на положбата уредот доаѓа со две камери. Дополнително, во цената се пресметани и двата контролери од Microsoft.

Image courtesy of ASUS

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top