0 коментари 1 мин. читање

Истражувачи од MIT го научија роботот да препознава гласовни команди

Група истражувачи од MIT креираa софтвер за робот кој препознава говор и може да ги препознае предметите. ComText (Command in Context) овозможува роботот да разбира обичен говор, дури и контекст од претходните реченици. Ова во иднина би овозможило командите на роботот да му се даваат како и на луѓе. Со тоа повеќе луѓе ќе можат да ги користат роботите.

Операторот може на роботот да му каже „Оваа алатка што ја држам е мојата алатка“. Потоа за истата може да побара „Додај ми ја алатката“, објаснува TechCruch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top