Безбедносната компанија стави крај на шпекулациите, и потврди дека работат на оперативен систем кој ќе се користи за заштита на важни индустриски ИТ системи.
Основачот на Kaspersky Lab, Јуџин Касперски, во блог пост објасни дека на светот му е потребен нов таков оперативен систем кој ќе ги штити индустриските ИТ системи кои не се доволно безбедни бидејќи за разлика од комерцијалните системи каде може да се изолира одредена инфицирана машина од другите, во индустриските системи тоа не е можно, доволно е само една единица да биде заразена за да го стави во опасност целиот систем.
Предизвикот е да се одржува константно чист ИТ систем. Токму затоа Kaspersky Lab креира оперативен систем кој ќе биде надградуван на време, брзо ќе се справи со сите ранливости и ќе биде побезбеден во зачувување на информациите и одбивање на сајбер напади кои стануваат се почеста појава.
Г. Касперски вели дека неговата компанија може да креира побезбеден систем од тој на Apple, Мicrosoft и од заедницата на слободен софтвер бидејќи нивниот ОС ќе биде специјализиран, пример нема да може да се игра Half-Life. Дополнително, компанијата работи на методи за пишување на код кој нема да дозволи „недекларирана активност“, односно да биде модифициран преку код од надворешни апликации. Повеќе детали за системот ќе најдете тука.







