Asus ги најави своите Windows 8 и Windows RT таблет комјутери. Иако Стив Балмер посочи дека цената на овие уреди би требала да се движи од 300-800 долари, таблетите на Asus ќе бидат речиси двојно поскапи.
Иако прескапи, сепак таблет комјутерите на Asus не изгледаат импресивно. Десет инчниот Asus Vivo Tab RT (TF600T) со Nvidia Tegra 3 Quadcore процесор чини 600 долари, а докот за таблетите дополнително ќе се купува за 199 долари. Asus Vivo Tab (TF810C) е таблет компјутерот кој ќе има Windows 8 оперативен систем, 11,6 инчен екран на допир, Intel Atom Z2760 процесор, но за жал и тука докот ќе чини дополнителни 199 долари, а таблетот ќе биде 800 долари.
Asus Taichi е најголемиот таблет/ноутбук во оваа серија. Има 11,6 инчен екран со резолуција 1080p и е првиот ноутбук со два екрани. Предната страна на уредот е ноутбук (послаб лаптоп). а задната страна е таблет компјутер. Двата екрани се независни и имаат повеќе модови на работа. Процесорите во Taichi е најавени како трета генерација на Intel процесори, а SSD кој ќе доаѓа со уредот е добредојден. Сепак 1.299 долари за хибрид кој наликува не експериментален уред е премногу.
[youtube]3DNQc9rgV9A[/youtube]
Ова се сепак само првични цени и Asus можеби ќе ги промени пред да излезат таблет компјутерите. Цената на таблетот е преголема од неколку причини. Asus не се препознатлив бизнис бренд кој би можел да си дозволи волку високи цени, а да не загуби од продажбата. Покрај ова Windows таблет комјутерите само што почнуваат да го бараат своето место на пазарот, a со волку високи цени тешко дека ќе бидат конкурентни.
Колку за потсетување, 7 инчниот Google Nexus 7, кои исто така е изработен од Asus чини околу 200 долари.
Еј Дејане, Дејане Аsus не е препознатлив бизнис бренд???
Не ми се верува што читам напишано од добар познавач во оваа област.
Ама тоа е, понекогаш со сила се правиме глупави од икс прчини…
http://www.squaretrade.com/laptop-reliability-110…
Ако не е прашање на цена дали ASUS би биле нечив прв избор? Верувам не, Lenovo, Dell, Apple се прознатливи лаптопи. ASUS барем за сега не се на исто ниво, барам на перцепција со нив
Било некогаш, некаде… Се надевам видовте во табелите како котираат гореспоменатите…
Дефинитивно 1300 долари е премногу за овој таблет без разлика дали некој доплака или наплака.
За Нексусот Google доплаќа – затоа е поевтин, не значи дека ASUS за помалце пари го прават – или дека повеќе наплаќаат за овој RT таблет. Плус не знаеме за како Microsoft го лиценцира и колку им наплаќа на производителите да прават таблети со нивниот оперативен систем.