1 коментар 2 мин. читање

Македонскиот Ambio.me е финалист на WebFest, има шанса да оди на ТеchCrunch Disrupt

Меѓу финалистите на регионалнaта интернет конференција WebFest се најде и македонскиот стартап Ambio.me. Стартапот, кој е мобилен магазин кој зависи од локацијата, ќе се натпреварува со други 11 стартапи од регионот, има шест од Хрватска, два од Србија, по еден од Македонија, Италија и В. Британија, а победникот ќе добие шанса да се претстави на TechCrunch Disrupt. ТC Disrupt е еден од најголемите стартап настани во САД и светот, организиран од ИТ блогот TechCrunch, со гости како Џек Дорси од Twitter, Марк Закерберг од Facebook, познатиот инвеститор Бен Хоровиц и многу други познати имиња од Силиконската долина.

За Митко Цабевски, основачот на Ambio.me, со кого направивме интервју по настапот на SeedCamp во Њујорк, настапот на WebFest е одлична шанса да се научи нешто ново и да се напредува со стартапот.

„Очекувам да се забавуваме :). Да се дружиме, да научиме нешто ново, но и да добиеме искрен критицизам и фидбек. Ги погледнав останатите финалисти, има одлични проекти и конкуренцијата е јака, но ние веруваме во нашата визија и се надеваме на најдоброто.“

Пат на TechCrunch Disrupt значи натпреварување со најдобрите идеи, но првин мора да се помине регионалната конкуренција на WebFest, која како што спомена Митко е „одлична и јака“. Ова се 11-те финалисти од WebFest.

  • BackWay App е апликација која овозможува да ги снимите омилените локации и потоа ви покажува како да стигнете до нив.
  • MojaGaraza.rs е веб сајт за прашања и одговори за автомобили. Содржината доаѓа од други возачи и механичари.
  • SideKickrTV e друштвена телевизија преку која се открива содржина и информации за тоа што се гледа.
  • StereoMood  ви открива музика спрод тоа како се чувствувате.
  • MediaToolkit е сервис кој анализира содржина со најголем потенцијал да привлече внимание на друштвените мрежи.
  • AmbioMagazine е мобилен магазин кој наоѓа содржина според локацијата.
  • TabStep го олеснува програмирање на табовите на Facebook.
  • Shareagift овозможува на пријателите заедно да купат поклон.
  • Release14 нуди мрежни производи со слободен код
  • VetCloud е наменета за организација на рабоатат на ветеринарите.
  • iDerma е наменета за организирање на работата на салоните за убавина.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top