Astrometica е нова sci-fi survival игра која потсетува на Subnautica

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Фановите на survival игри добро се хранат, особено во последните неколку години. Се чини дека она што почна како срамежлив жанр за пробирлива публика, сега се има разгорено како еден од популарните жанрови. Како штотуку излезена игра во раниот пристап на Steam, Astrometica веќе нуди квалитетно искуство за истражување во вселена, градење база, и многу повеќе!

Нов почеток

Astrometica ја започнувате така што се будите во огромно вселенско пространство. Не губејќи време, инстантно започнувате со мисијата да истражување на вселената и градење база.

Играта одлично ве запознава со клучните механики во играта, правејќи го целото искуство што е можно поедноставно. Користејќи напредни вселенски возила, ќе поминете низ најразлични аномалии, астероидни појаси, или напуштени вселенски станици. Истражувањето е една од најсилите точки во Astrometica. Управувањето со возилата остава автентичен и забавен впечаток. Секогаш има нешто интересно за пронаоѓање, дали некое тајно место со корисни ресурси, парче напредна технологија или пак сигнал за помош од некого.

Секој пат кога ќе наидете на некоја разрушена или напуштена станица, можете да користите технолошко-напредни алатки за да скенирате и детектирате нацрти за нови или надградливи технологии, како и корисни рецепти. Скенирањето и пронаоѓањето работи е наративна процедура која суптилно открива и одредени мистерии поврзани со универзумот во кој се наоѓате. Подразбирливо, можете и вие лично да излезете и да земете работите во ваши раце. Во таа ситуација, потребно е да внимавате на количината кислорот и да се трудите секогаш да сте блиску до одредени „кислородни меури“, Паралелно со ова, потребно е да внимавате и на вашите потреби за глад и вода.

Вашето истражување ќе ве одведе и на места кои се богати со корисни ресурси. Во тие ситуации, имате опрема за екстракција на ресурси. Тоа што ќе го соберете обично ви помагаа или за градењето на вашата база или за правење уште понапредна опрема. Во поглед на опремата, можете да правите и надградувате разни алатки за ефикасно (читај: ласерско) бушење и извлекување руда. Иако се работи за едноставен систем на извлекување ресурси, забавно ни беше да ги користиме и надградуваме, како и да видиме како таквото нешто може да ни помогне полесно да се снајдеме во бесконечниот мрачен простор.

За полесно снаоѓање, дефинитивно помагаат можностите за градење база. Ситемот за градење ви дозволува да направите модуларни бази кои ќе се прилагодени за различни намени. Можете да користите како засолништа, како мини фабрики за собирање и обработка на ресурси, или пак научни центри кои ќе истражуваат одредена технологија.

Subnautica во вселена?

Сите овие работи кои ги прочитавте во горните делови се мајсторски испреплетени едно со друго и пружаат забавни можности каде скокате од едно на друго место, истражувате за да откриете некоја технологија, па потоа се враќате назад за да видите што можете да направите со тоа.

Подеднакво сме импресионирани и од графиката. Енџинот не само што е одлично оптимизиран туку и преубаво ги прикажува бројните вселенски пространства. Sci-fi музиката значително допринесува до создавање надреална атмосфера, суптилно подгурнувајќи ве гејминг сесијата да трае што е можно подолго.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: BeryMery
  • ИздаваRockGame S.A.
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 10 декември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments